Голем бод за ракометната репрезентација на Македонија, која во решавачкиот натпревар за третото место одигра со нерешен резултат против селекцијата на Исланд (27:27). На тој начин завршивме како третопласирани.
Не можевме да посакаме подобар старт на натпреварот, каде започнавме со предност од 4:0. Дејан Манасков го постигна првиот гол, додека Стојанче Стоилов зголеми на 4:0. Првиот гол Исланд го постигнува дури во 7 минута за намалување на резултатот, но нашата игра без голман скапо не чини во наредните минути, каде Исланд успева да го сврти резултатот во своја корист и да поведе со 4:5 во 10 минута. Со својот втор гол, Стоилов носи ново израмнување од 6:6 во 15 минута. Во наредниот период, противникот го презема водството и успева да поведе со два гола разлика, за нашиот капитен со својот четврт погодок да го израмни резултатот на 11:11. Сепак до крајот на првото полувреме, Исланд прави серија од 2:4 и на одмор замина со предност од 13:15. Кирил Колев имаше едно од подобрите полувремиња на ова СП, успевајќи да скроти неколку топки на Исланд.
И второто полувреме со гол го отвори Манасков, но Исланд враќа со два последователни голови за нивни највисоки три голови разлика (14:17). Работите не одеа добро за Македонија, која во 38 минута имаше негатива од пет гола (16:21). Во следните пет минути, Исланд ја одржуваше оваа разлика од пет гола, а во нашиот состав се повреди Филип Миркуловски. Момент кој може да не врати во натпреварот, убавиот цепелин на Манасков и Георгиески за намалување на 21:24 во 45 минута. Комплетно се враќаме на натпреварот кога со голот на Манасков успеваме да намалиме на само гол негатива (24:25) на седум минути пред крај. Георгиевски не носи на израмнување кое беше во полза за нашата репрезентација. Истовремено Колев стигнува до својата 12-та одбрана. Поранешниот Вардарец, Филип Лазаров по подолго време носи предност за Македонија од 26:25. На крајот конечниот резултат гласеше 27:27.
Кирил Лазаров повторно најефикасен со 7 голови, Стојанче Стоилов беше стрелец на 3 погодоци. Одличен на голот беше Кирил Колев.