Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Три години Самсоненко во ФК Вардар! Добивме тренинг центар, академија за млади категории, очекуваме…

Три години Самсоненко во ФК Вардар! Добивме тренинг центар, академија за млади категории, очекуваме…

Денес на 20 Јануари во 2014 година ФК Вардар преминува во приватна сопственост и целосно беше купен од страна на г-н Сергеј Самсоненко. По голем позитивен притисок од јавноста пред се онаа црвено-црната пред три години русинот реши покрај ракометниот машки и женски вардаров колектив да влезе и во фудбалскиот.

Од тогаш фудбалскиот колектив во свој посед од 21.11 пред две  го доби новиот супер модерен тренин центар во скопската населба Хиподром. Во истиот нашите фудбалери ги имаат сите потребни услови за тренинг и подготовки за фудбалските натпревари, повеќе немора да патуваат во периферните скопски населби за да одржуваат тренинзи. Покрај тоа отпочна изградбата на   академијата за дечиња до 12 години која  се изгради зад арената “Филип Втори“.

218-660x330

Лани на 14 мај свечено беше пуштена во употреба Фудбалската Академија на ФК Вардар наменета за фудбалерчиња на возраст од 6 до 14 години. Таа се наоѓа зад источната трибина на Арената “Филип втори“ и на неа   тренираат младите вардарови фудбалски надежи.  Овој мега-проект во кој е вложено 2.5 милиони евра немаше да ја види “светлината на денот“ доколку не беше желбата, идејата, финансиите и визијата на  господинот Сергеј Самсоненко, кој одржа говор на  на свечената церемонија на која го изјави следново за присутните :

Пред сѐ и сакал да изразам благодарност до сите физички и правни лица, како и официјалните државни функционери и структури на Република Македонија, кои ни овозможија и помогнаа да го реализираме овој проект. Сите тие, постојано ни ја даваа нивната несебична поддршка во остварувањето сите спортски проекти. Благодарност изразувам и до дечињата кои тренираат во ФК Вардар, како и нивните родители, за покажанато разбирање и трпение, додека траше изградбата на Фудбалската Академија. Изминаа две години и три месеци, откако го превземав раководењето со ФК Вардар. Резултатите кои досега ги постигнавме, ви се добро познати. Ние уште на првата прес-конференција ги истакнавме нашите амбиции, Вардар да биде редовен учесник во европските Купови, на меѓународната сцена. Затоа би сакал дадам еден отчет за реализираните инфраструктурни проекти, на кои посветено работевме минатиов период, водени токму од зацртаната цел. За овие две години, го изградивме тренинг кампот на ФК Вардар, во населбата Хиподром, а еве сега го реализиравме и вториот проект, наменет за нашите деца од младинските категории до 14-годишна возраст. Исто така, во план е реализацијата на уште еден проект, со кој ќе бидат опфатени возрасните групи од 14 до 18 години и на тој начин ќе ја комплетираме целата неопходна инфраструктура, за потребите на ФК Вардар. Се надевам дека фудбалскиот свет во иднина нема да зборува само за Меси и Роналдо, туку дека од Фудбалската академија, наскоро ќе слушнеме за некој Месиевски или Роналдовски. Упатувам уште еден голем поздрав до сите што нѐ поддржуваат. Заедно одиме напред- Еден живот, една љубов.

9999999999999999

Фотогалерија од отварањето на Фудбалската Академија на ФК Вардар наменета за фудбалерчиња на возраст од 6 до 14 години може да погледнете на нашиот црвено-црн вардаров веб сајттука.

За време во кое господинот Самсоненко е сопственик на фудбалскиот клуб, имаме освоено две првенствена и една Супер-куп титула, а годинава атакуваме повторно на трофеии.