Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Разочарувачки Вардар за пораз од четиринаесет разлика
Разочарувачки Вардар за пораз од четиринаесет разлика

Разочарувачки Вардар за пораз од четиринаесет разлика

Ракометарите на Вардар запишаа убедлив пораз на домашен терен од Веспрем со резултат 27:41, па така уште по првиот натпревар го добивме патникот во 1/4 финалето. Вечерва ама баш ништо не функционираше во играта на ,,црвено – црните”.

Се беше јасно уште по првиот дел откако гостинот дојде до висока предност, а како одминуваше натпреварот така и ја зголемуваше. Вардар успеа да издржи и да игра егал само до петтата минута кога беше 1:2, потоа Веспрем со серии само ја зголемуваше предноста. Вардар денес изгледаше многу лошо, налик на екипа што не заслужува да игра во нокаут фаза на Лига на шампионите. Веќе во 16.минута преку Маргуч, гостинот дојде и на 4:8, а во 21.минута имаше и веќе убедливи и недостижни 7:14. Вардар не успеа и понатаму да се консолидира, па така на пауза замина со разочарувачки десет голови негатива, 11:21. Само Чупиќ беше расположен за игра, постигнувајќи пет погодоци.

Во второто полувреме гостинот го контролираше натпреварот и во најголема мера ја имаше предност од првиот дел. За одбележување беше 40. минута, а резултатот беше 18:28. Веќе во 50.минута гостинот дојде и до максимални вечерва плус тринаесет, 21:34. Навистина разочарувачки беше овој резултат. Се гледаше и на лицата на вардарци, како да чекаат што е можно побрзо да заврши овој дуел. На пет минути до крајот Вардар имаше и минус од шеснаесет голови. Крајниот резултат гласеше 27:41.