Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > ЗЛАТНИТЕ ВАРДАРОВИ ПИОНЕРИ ГО ОСВОИЈА ПРВОТО МЕСТО ВО ЗРЕЊАНИН, ИЗБРАНИЦИТЕ НА БУДИМИР БЕЗ МИЛОСТ КОН ПРОТИВНИКОТ И ВО ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ
ЗЛАТНИТЕ ВАРДАРОВИ ПИОНЕРИ ГО ОСВОИЈА ПРВОТО МЕСТО ВО ЗРЕЊАНИН, ИЗБРАНИЦИТЕ НА БУДИМИР БЕЗ МИЛОСТ КОН ПРОТИВНИКОТ И ВО ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ

ЗЛАТНИТЕ ВАРДАРОВИ ПИОНЕРИ ГО ОСВОИЈА ПРВОТО МЕСТО ВО ЗРЕЊАНИН, ИЗБРАНИЦИТЕ НА БУДИМИР БЕЗ МИЛОСТ КОН ПРОТИВНИКОТ И ВО ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ

Пионерите на ракометниот клуб  Вардар се освојувачи на силниот меѓународен турнир “Трофеј на градот Зрењанин 2017“. Тие во големото финале ја победија екипата на Лавови од Бачка Паланка.

Натпреварот започна со гол за гол на двете страни и ниту една од екипите не се одвои. Сепак Вардарци први го отворија резутатот и имаа водство од 0:1 и 1:2, за противникот да израмни на 2:2. Сепак избраниците на Андријана Будимир постигнуваат два гола во серија и за прв пат имаат предност од два разлика (2:4). Одлично се држевме на теренот, се гледаше дека огромна е желбата кај нашите момци да го добијат финалето. Со погодокот на Чакалиќ од седум метри стигнуваме и до највисоки 3:6. Во следните минути се игра гол за гол на двете страни, но Вардар е екипата која ја одржува предноста од три погодоци.На полувреме заминуваме со предност од 7:10.

Вториот гол во вториот дел го постигнува Вардар за зголемување на предноста на 7:11, па уште еден во мрежата на Лавови за солидна предност од 7:12. Одбраната повторно функционираше на ниво, нешто на кое тренерот Будимир посветува најголемо влијание. Нејзините пулени повторно добро си ја одработуваат задачата, што му отежнуваат на противникот да го пронајде патот кон нашиот гол. Се потешко беше за екипата на Лавови да постигнат гол, напротив Вардарци кои зголемуваат на 8:14. Само четири погодоци во второто полувреме говори за реалниот одраз на силите на теренот. Вардар имаше и највисоки осум голови разлика и на крајот убедливо го порази својот противник. Конечниот резултат гласеше 11:20. Најдобар стрелец беше Чакалиќ со 7, додека Грујовски постигна 5 голови.

16708744_748463845328919_5033210391644600088_n

Повеќе од заслужено прво место за нашите пионери кои во текот на целиот турнир играа перфектен ракомет. Остварија шест победи од исто толку натпревари. Ако минатата година за малку ни “побегна“ тоа прво место оваа година успеавме во зацртатана цел. Оваа генерација под водство на Будимир покажува зрелост и карактер на победници. Честитки од нашата редакција за големиот успех на пионерите.

Дел од овој успех беа: Леонид Чорогунов, Ненад Ангеловски, Андреј Аспровски, Дамјан Димитријевски, Антонио Пешевски, Давид Савревски, Велимир Грујовски, Никола Жерновски, Бојан Чакалиќ, Борис Павловски, Благој Димчевски, Дамјан Србиновски, Давид Мирчевски, Матео Јанчев, Даријан Петков и Симон Калаџиевски.