Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ПИОНЕРКИТЕ НА ВАРДАР ГО ОСВОИЈА ПРВОТО МЕСТО ВО ЗРЕЊАНИН, ДЕВОЈКИТЕ ПРЕКУ ПЕНАЛИ ДО ЗЛАТОТО (ВИДЕО)
ПИОНЕРКИТЕ НА ВАРДАР ГО ОСВОИЈА ПРВОТО МЕСТО ВО ЗРЕЊАНИН, ДЕВОЈКИТЕ ПРЕКУ ПЕНАЛИ ДО ЗЛАТОТО (ВИДЕО)

ПИОНЕРКИТЕ НА ВАРДАР ГО ОСВОИЈА ПРВОТО МЕСТО ВО ЗРЕЊАНИН, ДЕВОЈКИТЕ ПРЕКУ ПЕНАЛИ ДО ЗЛАТОТО (ВИДЕО)

Голем успех на пионерките на Женскиот ракометен клуб Вардар, тие се шампионки на турнирот во Зрењанин соседна Србија. Нашите девојки  предводени од  Драгана Ристова го освои првото место на турнирот победувајќи ја екипата Просочани 1. Тие завршија во регуларниот дел реми и триумфираа  со 26:25, по изведувањето на пенали. По првото полувреме имавме негатива од 9:13. Сепак за брзо време во второто полувреме го израмнивме резултатот, дури имавме и водство. Во регуларниот дел резултатот беше 21:21.

Тие одиграа одлично во групата Б и како лидери настапија во четвртфиналето. Девојките утрово во полуфиналето ја совладаа екипата на Срем (24:18) и  обезбедија место во финалето против екипата на Просочани. Вчера во четвртфиналето ја победивме екипата на Пролетер во еден интересен и јак натпревар. Покрај првото место на дамите треба да се напомене дека и момците пионерите предводени од Будимир се закитија со Злато на истиот турнир. Ангела Костовиќ од редовите на Вардар е најдобар играч на завршниот турнир. Најефикасна во финалниот меч беше Андреа Седлоска со 7 голови. Во продолжение може да погледнете видео од нивата радост во моментите кога го примија заслужениот пехар – ОВДЕ

Андреа Седлоска 7, Марија Галевска 5, Ива Јаковчевска 4, Ангела Костовиќ 3, Гроздановска Ангела 2, Катарина Дамјановска 2, Стефанија Ѓорѓиевска 1, Јана Донева 1, Јована Трајковска, Јана Арсова, Ана Изабел Гонзалес, Мирјана Петкова, Симона Грујовска, Магдалена Насковска, Сара Миновска, Ана Марија Коларовска, Ангела Цветановска.

Златните девојки се: Јована Трајковска, Симона Грујовска, Магдалена Насковска, Стефанија Ѓорѓиевска, Андреа Седлоска, Јана Донева, Ана-Марија Коларовска, Сара Миновска, Марија Галевска, Ангела Костовиќ, Ангела Гроздановска, Ива Јаковчевска, Мирјана Петковска, Катерина Дамјановска, Јана Арсова, Ангела Цветановска, Ана Гонзалес.