Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Голема победа за Вардар ! Ауфидерзен за германците !

Голема победа за Вардар ! Ауфидерзен за германците !

“Четата“ на Раул Гонзалес им одржа лекција по ракомет на Некар-Левен во среде Германија. Иако пред време не отпишаа ,играјќи во сала со мал капацит, сепак тоа на крај им се освети на домаќините.Во текот на целиот натпревар имавме предност која не беше загрозена во ниту еден момент. Голема мотивираност и желба за победа имаа нашите ракометари.

Изненадувањето за противникот беше Стефан Терзиќ, кој почна на позицијата десен бек и кој го отвори натпреварот со погодок. Дури седум минути им беа потребни на домаќините да ја начнат мрежата на феноменалниот Штербик. Довчерашниот играч на Левен,Сергеј Горбок погодува за водство од 1:5 во 9 минута. Иако се обидуваа на моменти да се вратат во игра, сепак Вардар имаше одговор во следниот напад и не дозволуваа да се доближат. Крилото Геншејмер погодува за само два негатива за германската екипа. Сепак следи нова голема серија на Вардар од 0:5, за во тие моменти да имаме големи 6:13. Дибиров и Карачиќ од сите страни ја решетаа мрежата на Ландин, кој немаше одговор за нивните удари. Од другата страна Арпад Штербик само да покаже кој е кој на овој меч. Со своите одбрани успева да ја одржи стекнатата предност на својата екипа. Дибиров го потврдува одличното прво полувреме, погодува и на одмор се заминува со резултат 13:20.

Горбок во вториот дел со силен удар донесува најголеми осум плус позитива во тие моменти. Штербик продолжува со своите одлични интервенции. Душебаев и Шишкарев ги понижуваат германците, резултатот е 16:26 во 38 минута. Нивниот тренер повикува тајм-аут, кој и самиот не е свесен што им се случува. Карачиќ без милост, погодува за плус 11 гола предност. Подршката од Вардаровите навивачи е се поголема и погласна, кои дојдоа околу 100-тина да ги бодрат. Горбок продолжува со одличната игра, погодувајќи за 17:28. Следува мала серија на Левен од 3:0, со голот на Шмид од пенал. Стоилов го постигнува својот прв гол на овој меч, за повторно да имаме голема предност. Штербик со својата 11-та одбрана, и Стоилов со својот втор гол им ја запечатија судбината на германците на овој дуел. И филип Лазаров се запиша во листата на стрелци. Во салата се слушаа само вардаровите фанови. Конечниот резултат гласи 28:35.

Најефикасни беа Карачиќ со 8 гола, и Дибиров со 6. Штербик имаше 11 одбрани.

Вардар со оваа победа го освои второто место во групата. Сите можеме да бидеме презадоволни од играта на нашите пулени, кои повторно не направија горди што навиваме за Вардар.Во вторник, Вардар ќе го добие својот противник во 1/8.