Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Марко Огњановски за Вардарфанс: Утре не чека пеколно финале
Марко Огњановски за Вардарфанс: Утре не чека пеколно финале

Марко Огњановски за Вардарфанс: Утре не чека пеколно финале

Утре во С.Ц.Јане Сандански ќе се одигра големото финале од националниот кошаркарски куп, помеѓу екипите на Вардар и Мзт Скопје.Натпреварот се игра со почеток од 17:00, каде вардарци ќе ја имаат подршката од навивачката подгрупа Комбат, кои верно ги следат на секој нивни натпревар. Тие беа присутни и на денешниот последен тренинг на своите пулени, каде им дадоа подршка и им посакаа среќа во утрешното финале.

10646824_602602663205471_84544692204597884_n

-Мзт е добра екипа, со одлични центри. Има гласини дека ќе играл и првотимецот Бобан Стајиќ. Но ние не сме фокусирани на тоа кој ќе игра , и како ќе играат. Ние сме далеку поквалитетна и поискусна екипа од нив. Многу сме мотивирани, спремни сме и физички и психички. Одиме на победа, по секоја цена. Утре не чека пеколно финале, изјави првотимецот на младинците на КК Вардар,Марко Огњановски за нашиот сајт.

Ги повикуваме сите симпатизери на КК Вардар, утре да дојдат во Јане Сандански и со својата подршка да им помогнат на овие момци да го подигнат на крај трофејот.

Звонко Ивановски