Вардар се наоѓа на 6.место во најсилната група Б во Лигата на Шампионите, после десет одиграни кола.
Она што не красеше од минатите сезони и што беше нашето најсилно „оружје“ тоа беше одбраната, оваа сезона не е на своето ниво. Црвено-црните имаат примено 321 гол, што не прави да ја имаме втората најлоша одбрана, земајќи ги предвид и двете послаби групи, послаби од нас во оваа статистика е само екипата на Мотор Запорожје.
Ниту голманите не се прославија многу во овој дел од сезоната. Така, на десет одиграни мечеви нашите голмани имаат вкупно 43 одбрани, или тоа во просек се нешто повеќе од 4 на еден натпревар.
Калифа Гедбан имаше најмногу интервенции вкупно 28 зад неговото име, додека втор е Марко Кизиќ кој оствари 9 одбрани. Младиот Васил Гогов кој дебитираше на дуелот со Веспрем забележа 4 интервенции. Најмалку одбрани имаше новото засилување во оваа сезона, тоа е летонскиот голман, Артурс Кугис кој запиша само 2 одбрани, што е премалку.