Пионерите на ракометниот клуб Вардар во периодот од 27-29.декември ќе настапат на силен меѓународен турнир во Србија, „Трофеј Белград“. На истиот ќе се натпреваруваме со екипи кои се 2003 родени, додека нашата екипа е составена од играчи кои се 2004/05 родени.
На турнирот, учество ќе земат вкупно 24 екипи, кои доаѓаат од Србија, Словенија, Босна, Хрватска, Романија и Црна Гора.
Минатата година учествувавме на истиот турнир, на кој се натпреварувавме во соодветната категорија, успевајќи да играме во големото финале и да го освоиме сребрениот медал. Вардаровите пионери кои се предводени од Зоран Петковски, за Белград ќе заминат во четврток наутро.