Голманот на Вардар Дејан Милосављев доби најмногу гласови во изборот за МВП во СЕХА-лигата, за месец септември. Неговиот тим се наоѓа на првото место со четири победи од исто толку одиграни мечеви, а на секој од нив, популарниот “банда„ имаше двоцифрен број на одбранети удари.
Конкуренција на Милосављев во овој избор беа: Томи Возаб (Нексе), Јанус Лапајне ( Татран Прешов) и Морено Цар (Нексе).
На крајот Милосављев доби најмногу гласови од фановите на официјалната страна на СЕХА-лигата.