Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Поразот од Вардар значеше отказ за Врањеш, Веспрем ќе мора да бара нов тренер
Поразот од Вардар значеше отказ за Врањеш, Веспрем ќе мора да бара нов тренер

Поразот од Вардар значеше отказ за Врањеш, Веспрем ќе мора да бара нов тренер

Според информациите од унгарските медиуми, Љубомир Врањеш не е повеќе тренер на Веспрем. Наводно после поразот од Вардар во саботата вечерта, клубот му дал отказ на Врањеш, иако се уште не е потврдено од официјалниот сајт на Веспрем.

Врањеш беше доведен минатата сезона на кормилото на унгарскиот тим, но не успеаа да се прослави во првата сезона, со оглед дека рано испадна во Лигата на Шампионите, а ја загуби и титулата во Унгарија од екипата на Пик Сегед. Ниту на стартот на оваа сезона не цветаа розите во тимот, со оглед дека имаат два порази после првите три одиграни кола во ЛШ, а поразот од Вардар само ја прелиа чашата во клубот.

Во наредниве денови од клубот треба да го објават и наследниот на Врањеш, кој ќе ги предводи во продолжение од сезоната