Нема многу одмор за тренерот на Вардар, Раул Гонзалес кој денес го има собирот со репрезентацијата, како подготовка за последните два квалификациски натпревари на Македонија.
Нашата репрезентација најпрво на 15-ти јуни гостува на Украина, додека три дена подоцна, на 18-ти го игра последниот меч од квалификацискиот циклус и тоа на домашен терен во С.Ц. Борис Трајковски, против репрезентацијата на Чешка. За овие натпревари, селекторот Раул Гонзалес повика двајца ракометари од екипата на Вардар. Се работи за капитенот на црвено-црните, Стојанче Стоилов и десното крило, Мартин Поповски.
Да потсетиме дека Гонзалес стартуваше со победа на клупата на Македонија, во дуелот протис Исланд, кој се одигра во С.Ц. Борис Трајковски, додека бевме поразени на реваншот во Рејкјавик.