Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > И Џигаури доби повик од својата селекција
И Џигаури доби повик од својата селекција

И Џигаури доби повик од својата селекција

Вардар продолжува да дава многу репрезентативци и овој циклус. Нов кој е повикан за настап на својата селекција е крилниот играч Џамбул Џигаури. Џигаури е повикан од страна на својот селектор за натпреварот против Молдавија на гости на 11 јуни.

Досега за своите репрезентации настапија: Стефан Спировски кој ги одигра сите 90. минути против Турција, потоа Којашевиќ кој влезе во вториот дел за Црна Гора и Тигран Барсегјан која настапи за својата Ерменија. Исто така и младите Тодор Тодороски и Бојан Колевски имаат свој настапи, овој вториот веќе и постигна погодок против Романија на контролен меч.