Утре со почеток од 19:30 часот во “Фрапорт арената“, Вардарци ќе го одиграат првиот натпревар во новата година од лигата на шампиони. Противник е добро познатата екипа на Рајн-Некар. Црвено-црните имаа успешни тест мечеви во сеха-лигата, после настапите на 13 Вардарови ракометари на европското ракометно првенство во Полска. Тренерот Раул Гонзалес го потенцира овој податок и верува дека неговите избраници ќе дадат максиум да остварат триумф на ова тешко гостување.
-Нормално е кога играте 10 натпревари во 15 дена да бидете уморни, тоа го очекував. Сега важно е да собереме сили и да одиграме сто посто против Рајн-Некар и потоа имаме повеќе слободни денови. Мора да се фокусираме на овој натпревар и мислам дека можеме да одиграме добро и да оствариме добар резултат. Сепак, ти можеш да играш добро и повторно да биде тешко. И на Рајн-Некар му требаат победи, ако сакате нешто да направите во Лигата на шампионите мора да победувате дома и затоа ќе биде тешко, ама мислам ќе имаме шанси, рече Раул.