Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Нека се повтори дуелот од минатата година во Германија, кога Вардар му нанесе тежок пораз на Рајн-Некар
Нека се повтори дуелот од минатата година во Германија, кога Вардар му нанесе тежок пораз на Рајн-Некар

Нека се повтори дуелот од минатата година во Германија, кога Вардар му нанесе тежок пораз на Рајн-Некар

Сите сакаме да се повтори натпреварот од минатата година, кога Вардар му нанесе тежок пораз на Рајн-Некар во Германија. Пред речиси една година, на 21-ри вевруари, црвено-црните се вратија со голем триумф од земјата во која се игра најсилниот ракомет. Тој триумф значеше и освоено второ место во групата, што претставуваше голем успех за клубот. Мечот неочекувано го добивме со убедлив резултат од 28:35, контролирајќи ја целосно играта и предноста во текот на целиот натпревар. Вардар на тој дуел одигра типичен Германски ракомет, кој се одликуваше со брза игра и реализирани напади од различни позиции. Најрасположени беа крилото Дибиров со 8 и средниот бек Карачиќ со 6 голови, кој пак за жал нема да имаме можност да го гледаме на утрешниот натпревар. Штербик го остави во “сенка“ Ландин од спротивната страна, покажувајќи кој е најдобар голман. Дури ни присутната публика неможеше да поверува дека нивниот миленик може да биде до толку надигран, во сите правци на ракометната игра.

Приказната продолжи и оваа сезона кога црвено-црните му нанесоа уште еден пораз на Германскиот вицепрвак после дури 5 месеци, или вкупно 19 натпревари беше низата на Рајн-Некар без неуспех. Вардар беше главниот виновник за прекинување на победничката серија на “лавовите“. Тој меч одигран во Јане Сандански го добивме со резултат 25:19, а посебна вечер имаше Алекс Душебаев кој 7 пати прецизно стрелаше во мрежата на противникот, додека Дибиров го пратеше со 6 погодоци зад своето име.

Утре вечер со почеток од 19:30 часот во “Фрапорт арената“  не очекува нов интересен двобој помеѓу овие две екипи. Германците уште се под големи импресии од освоеното европско првенство во Полска, па тоа ќе значи дополнителен мотив за нив, но и за Вардар да победат во земјата која стана европски шампион. Во екипата ќе недостасува Грецки, кој го пропушти и мундијалот во Полска поради повреда, но затоа се враќа еден од лидерите на овој тим, тоа е левото крило Уве Генсхајмер. Рајн-Некар има одличен тим, во кој настапуваат многу интернационалци, меѓу нив е и Македонскиот репрезентативен голман, тоа е Борко Ристовски. Вардар има проблеми со неколку повредени но и суспендирани играчи, во пресрет на овој прв натпревар од ЛШ во новата година. Подолго отсутен е Деревен, додека поради опоравување од операција на тестисите ќе недостасува и Игор Карачиќ. Голем недостаток ќе биде и неиграњето на Манасков и Стоилов. Во екипата дополнително е повикан Владо Недановски. Сепак мора да се биде подготвен да се игра под секакви околности. Двете победи во сеха-лигата беа одличен тест за Вардарци, но и враќање на победничкиот ритам и посакуваната игра, во пресрет на натпреварот во Франкфурт. На табелата во најсилната група Б, Рајн-Некар се наоѓа на треттото место, со само еден бод повеќе пред нашиот ракометен шампион. Ние веруваме во избраниците на Гонзалес дека ќе се борат до крај и ќе ни приредат нова голема радост.