Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес: Вардар ги има истите амбиции како и досега, да обезбеди место меѓу најдобрите четири екипи и потоа во Ф4 да се бори за титулата

Гонзалес: Вардар ги има истите амбиции како и досега, да обезбеди место меѓу најдобрите четири екипи и потоа во Ф4 да се бори за титулата

Денес ракометниот клуб Вардар одржа прес-конференција, по повод првиот официјален натпревар во новата сезона. Утре во С.Ц. Јане Сандански во рамките на сеха-лигата ќе гостува екипата на Брест Мешков. Со истиов противник игравме пред десеттина дена на турнирот “Белгазпромбанка“, на кој триумфираше домашната екипа на Брест. Сепак ова ќе биде поразличен меч од тој, во нашата арена одиме на победа против било кој противник. Оваа сезона сеха-лигата ќе ни понуди доста квалитетни мечеви и неизвесност околу победникот речиси на секој дуел од ова натпреварување. Свои очекувања за новата сезона во оваа лига денес пред медиумите ги искажаа тренерот Раул Гонзалес и капитенот Стоилов.

-Пред нас е нова сезона во СЕХА Газпром лигата која ќе биде најдобра досега во историјата на лигата. Имаме 7-8 екипи што ќе играат во ЕХФ лигата на шампионите и ова ќе биде навистина тешко натпреварување за да се стигне до Ф4. Вардар ги има истите амбиции како и досега да обезбеди место меѓу најдобрите четири екипи и потоа во Ф4 да се бори за титулата. Имаме неколку промени во тимот и ќе ни треба време за адаптирање на новите играчи на нашиот систем на играње, особено новите новите ракометари. Мешков Брест е сериозен ривал, екипа која има раст последните сезони и е навистина голем тим. Имаат неколку добри ракометари како Џамли, Атман, Криштопанс, Рутенка и овој натпревар ќе биде навистин адобар тест за мојот тим. Очекувам квалитетен натпревар и знам дека нашите навивачи ќе уживаат, рече Раул Гонзалес.

Стоилов е свесен за квалитетот на сеха-лигата, која како што вели прераснува во една од најсилните во светот.

-Утре ја почнуваме новата сезона во СЕХА Газпром . Споредувајќи ја со ланската сезона, оваа ќе биде поинтересна зашто имаме и тимови од Словенија кои ќе бидат голем предизвик за да се стигне до Ф4 турнирот. Досега беше очигледно дека Вардар ќе игра на Ф4, но овојпат ниту еден тим не може тоа да го има загарантирано. Лично сметам дека СЕХА Газпром лигата е најдобрата лига во Европа, ако се исклучи ЕХФ лигата на шампионите. Ни во Шпанија ниту Германија неможете да најдете толку многу квалитетни екипи. Но, нашата цел е да се пласираме на Ф4 турнирот и да го донесеме дома трофејот по неколку години. Тоа значи дека утре на мечот со Мешков одиме на победа, изјави капитенот Стоилов.