Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Новак за Вардар фанс: Доаѓајте на стадион да не поддржувате
Новак за Вардар фанс: Доаѓајте на стадион да не поддржувате

Новак за Вардар фанс: Доаѓајте на стадион да не поддржувате

Украинскиот играч во дресот на ФК Вардар, Евгениј Новак оваа сезона ја отвори на добар начин. Новак одигра три првенствени меча досега и постигна еден погодок. Исто така Новак, и на куп натпреварот во Тетово се запиша во листата на стрелците. Тој за нашиот сајт даде одговор на како ја оценува неговата и играта на тимот, дали може да очекуваме простор за напредок и.т.н.

-Вардар е голем клуб во Македонија и на Балканот. Затоа се поставени високи цели на секој меч. На првиот меч одигравме лошо, но затоа на следниот со Шкендија одигравме одлично, се рехабилитиравме за нерешениот резултат против Шкупи, како и на останатите натпревари на кои ги овоивме трите бода. Значи досега се оди според планираното во двете домашни натпреварувања. Од моја страна ќе дадам максимум за Вардар, да има уште подобри резултати.

Новак ги повикува црвено-црните навивачи да доаѓаат на стадион во што поголем број и да ги бодрат кон нови победи.

-За крај, ги повикувам сите Вардарови навивачи и љубителите на фудбалот да доаѓаат на стадион, да не поддржуваат и да бидат играч број 12 на екипата. Сепак фудбалот се игра за навивачите. – изјави Евгениј Новак за Вардар фанс.

Димитар Гогов