Во наредните неколку дена Вардаровата генерација родени “2003“ година ќе настапат на четвртото издание на силниот меѓународен турнир во Благоевград (Бугарија). Нашите млади надежи веќе пристигнаа, по што следи мал одмор после напорното патување. Веќе утре ги започнуваме настапите на турнирот со натпревар против екипата на Левски од Софија. Со моците отпатуваа нивниот нов тренер Томче Трајановски, поранешниот предводник Ане Андовски, како и координаторот Павел Неделковски.
Да потсетиме дека минатата година две наши генерации исто така учествуваа на истиов турнир. Тогаш генерација “2003“ го освои шесттото место, додека генерацијата “2004“ која тогаш ја предводеше Филип Арсовски заврши како четвртопласирана. Оваа година се надеваме на подобри резултати и гордо претставување на нашиот клуб на турниот во Благоевград.