Нашиот ракометен шампион вечерва ја започнува новата “одисеја“ во сеха-лигата. Прв противник за Вардарци ќе биде Белорускиот шампион, екипата на Брест Мешков. Во пресрет на овој натпревар вчера вечерта одржавме тренинг, на кој се комплетираше целата екипа за новата натпреварувачка сезона. На тимот се приклучија новото засилување Иван Чупиќ, како и неговите соиграчи од Хрватската репрезентација, Игор Карачиќ и Лука Циндриќ.
Во весела атмосфера беше одржан последниот тренинг пред првиот официјален меч за црвено-црните. Бидејќи ова беше прв тренинг за Хрватските репрезентативци, откако се започнати подготовките, на тренерот Гонзалес останува дали ќе добијат шанса за настап, или ќе им се даде целосно можност на екипата која ги одработи мечевите со Горење и турнирот во Брест.
Вардаровите навивачи во очекување се да ги видат најновите засилувања, а сигурно дека за трите ќе бидат во можност. Кањелас, Борозан и Фереира ќе бидат дел од тимот, се остава простор како што рековме за Иван Чупиќ кој има само еден тренинг со екипата.
ФОТО: РК Вардар