Sunday ,20 April 2025
Последни:
Home > ЖРК Вардар > (ФОТО) Пристигнаа и “олимпијките“ , ЖРК Вардар конечно во комплетен состав

(ФОТО) Пристигнаа и “олимпијките“ , ЖРК Вардар конечно во комплетен состав

Екипата на ЖРК Вардар конечно одработи тренинг во комплетен состав. Шефот на стручниот штаб Индира Кастратовиќ конечно на располагање ги има сите ракометарки. На тимот се приклучија и новите засилувања Мајса Песоа, Камила Херем и Александра Лакрабер, како и репрезентативките на Црна Гора, Јованка Радичевиќ и Адреа Кликовац. Тука е и голманот Амандин Лејно.

vardarfans novite zasiluvanja

Сите тие беа дел од своите репрезентации на олимписките игри во Рио. Некои од нив се вратија и со медали, како Лакрабер и Лејно кои освоија сребрен медал, додека Камила Херем се закити со бронзеното одличје. Како што споменавме поради повреда на рамото, во следните 30 дена Вардар нема да може да смета на Лакрабер која ќе се опоравува и се надеваме дека најбрзо ќе се врати на теренот. Сите останати можат да се стават на располагање на тренерот Кастратовиќ, за следните натпревари и тоа против екипата на Ларвик кои ќе се играат во Скопје.

vardarfans heremvardarfans lakraber