Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Младите Вардарци стартуваат против Левски и Ботев Пловдив, на турнирот во Благоевград

Младите Вардарци стартуваат против Левски и Ботев Пловдив, на турнирот во Благоевград

Денес Вардаровите генерации родени “2003“ и “2004“ година го отвараат настапот на силниот меѓународен турнир во Благоевград (Бугарија). Прв противник за нашите млади надежи ќе бидат екипите на Левски од Софија и Ботев Пловдив. Двата натпревари ќе започнат од 16 часот. Ова ќе биде прв поголем предизвик за  генерацијата “2003“, која е предводена од новиот тренер Томче Трајановски. Инаку во група сме со уште и екипите на Војводина (Србија) и Академија Пандев од Струмица. Не очекуваат квалитетни и незвесни натпревари на овој турнир. Секоја екипа е дојдена со свои сили и надежи дека може да дојде до првото место на турнирот.

Оваа генерација во новата сезона ќе биде засилена со Димче Мешкоски, Антонио Мирков, Лео Андрески, Давид Бошевски и Никола Митревски. Од екипата си заминаа Андреј Стојчевски, Филип Ѓорѓиевски и Дамјан Ќосески. Тренер во новата сезона е Томче Трајановски, кој го заменува Ане Андовски кој ќе работи со една година помалата “2004“ генерација.

Токму Вардарците родени “2004“ се втората наша екипа која ќе не претставуа на овој турнир. Да потсетиме дека минатата година истава генерација освои четврто место на турнирот во Благоевград. Избраниците на Ане Андовски во група ќе бидат со екипите на Ботев Пловдив, Војводина и Академија Пандев. Прв денешен противник е Ботев Пловдив. Оваа генерација останува речиси во истиот состав од минатата сезона, а и нема што да се менува по големиот успех од минатата сезона, каде со двете екипи освоија прво и трето место во детската лига. Освоен беше и силниот турнир во Сандански (Бугарија). Единствено ново име во екипата е Матеј Богдановски.