Екипата на РК Вардар 2 со победа го стартуваше подготвителниот период за новата сезона. После подготовките во Маврово, младите Вардарци кои се предводени од тренерот Зоран Петковски се вратија во Скопје каде ќе одиграат неколку контролни мечеви. Првиот веќе го добивме и тоа во спортско рекреативницот центар Кале совладана беше екипата на Спартак, која е основа на минатогодишниот Метрополис засилена со неколку играчи. Првиот од двата дуела со овој противник им припадна на Вардар, со конечен резултат од 33:27.
Во текот на целиот меч имавме водство, кое ниту во еден момент не дозволивме да го испуштиме. по првите 30 минути бевме во водство од 14:11. Популарниот “Зенга“ испробуваше различни варијанти во играта и играше со различни постави со цел сите играчи да добијат шанса. Веќе утре играме со истиов противник и тоа во терминот од 18 часот. Контролните мечеви за оваа недела ќе ги заокружиме во петок, кога ни доаѓа првиот сериозен противник, суперлигашката екипа на Работнички.
Овие натпревари ќе послужат за воигрување на екипата, која во новата сезона ќе се обиде да го повтори успехот од минатата сезона кога бевме вицешампиони. Сепак резултатите се можеби во заден план, битно е овие момци да се развиваат во подобри играчи и да напредуваат во повозрасните екипи на РК Вардар.