Денес со почеток од 18 часот се игра големото финале во лигата на шампионите. Вардар и ПСЖ се во борба за првата европска титула, во нивната историја. Вчера тие ги победија екипите на Веспрем и Барселона и денес ќе се борат за трофејот од најголемото ракометно натпреварување. Тренерот Гонзалес и на денешниот меч ќе излезе со истите играчи и ќе спротивстави на ПСЖ.
РК Вардар: Абутовиќ, Борозан. Кањелас, Циндриќ, Чупиќ, Деревен, Дибиров, Душебаев, Фереира, Карачиќ, Македа, Марсениќ, Милиќ, Шишкарев, Штербик, Стоилов.
Големото финале ќе биде пренесувано на МРТ-1.