ЛЕЛЕ ШТО НАПРАВИВМЕ, ВАРДАР Е НОВИОТ ШАМПИОН НА ЕВРОПА, ОТКАКО ВО ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ НА ЛШ, ЈА ПОБЕДИ ЕКИПАТА НА ПСЖ.
Мал број на голови во првото полувреме, а мечот го отвори Ремили кој му донесе почетно водство на ПСЖ од 1:0. Црвено-црните успеваат да реализираат во својот втор напад и тоа со удар од седум метри, а сигурен реализатор беше Иван Чупиќ. Од тие моменти па се до последните три минути од првиот дел, Вардар имаше постојано водство, кое највеќе достигна до три гола. Прва предност ни носи Душебаев, додека со својот прв гол на Дибиров, нашиот шампион поведе со 2:4 во 10 минута. Истовремено, Штербик ја забележа својата трета успешна интервенција. Гледавме цврст натпревар, во моменти со група игра од страна на парижани, кои сакаа по секоја цена да ги запрат нашите налети кон голот на Омејер. Сепак избраниците на Раул Гонзлаес одлично се снаоѓаа и покрај грубата игра на противникот, наоѓаа решение да ја протнат топката во голот. Тоа му успева на Шишкарев, кој погодува за највисоки 2:5. Избраниците на Сердарушиќ не беа ефикасни во нападот и тешко наоѓаа чиста ситуација за изграден удар, а Штербик фати неколку добри топки. На средина на првиот дел, Генсхајмер со погодок од пенал, го намалува резултатот на 4:5, но следиме два последователни голови на Дибиров. Најпрво зголемува на 4:6, за Штербик да фати пенал на Генсхајмер, а тоа го искористува Дибиров за нов гол и враќање на трите гола позитива (4:7). Следевме брзо темпо на игра, кое го наметнаа двете екипи, а одбраните имаа главен збор. Омејер го фати посакуваниот ритам, па тој најверојатно беше најзаслужен за резултатскиот пресврт. Црвено-црните со првиот гол на Марсениќ имаа предност од 8:10, за Хансен по подолго време да донесен израмнување од 10:10. За кратко Циндриќ повторно ја врати позитивата од еден гол (10:11), но крајот на првиот дел ПСЖ е екипата која замина со резултат 12:11 на одмор. Имаше Вардар последен напад, кој не успева да го претвори во гол.
Вториот дел започна со одличен погодок на Дибиров, кој од тешка позиција успева да го совлада Омејер, за израмнување на резултатот. Вардар постигнува два последователни голови, најпрво преку Душебаев, а потоа и во контра да погоди, Циндриќ за предност од 13:15. Каков натпревар следиме во “Лаксес арената“. Сердарушиќ со обиде да игра без голман, а тоа му се врати со два гола од гол на гол. Најпрво Абутовиќ, за веднаш потоа и Шишкарев да бидат прецизни, за црвено-црните во 35 минута да имаат водство од 17:20. ПСЖ не мислеше да се предаде и врати во иста мера, со два гола во серија за намалување на 19:20. Штербик брани кога е најпотребно и со својата деветта одбрана го одржува својот тим во предност. Во серија влегува и Омејер, кој ја забележува својата единаесетта одбрана. На седум минути пред крајот резултатот беше израмнет на 21:21. Вардар прави нова мини серија и поведува со 21:23, на четири минути пред крајот. Во неизвесна завршница, најпрво Нарцис израмни на 23:23, за Чупиќ со звукот на сирената да погоди за конечни 23:24.
Дибиров беше најефикасен со 6 голови, а Штербик имаше двоцифрен број на постигнати голови.
ВАРДАР ИСПИША ИСТОРИЈА ЗА МАКЕДОНСКИОТ РАКОМЕТ, БРАВО МОМЦИ ВИЕ СТЕ НАШИТЕ ХЕРОИ. ВИ СЛЕДИ НЕВЕРОЈАТЕН ПРЕЧЕК, ВЕ ЧЕКАМЕ ВО СКОПЈЕ.