Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалез: Задоволен сум што успеавме повторно да го освоиме првото место во една од потешките групи
Гонзалез: Задоволен сум што успеавме повторно да го освоиме првото место во една од потешките групи

Гонзалез: Задоволен сум што успеавме повторно да го освоиме првото место во една од потешките групи

Вардар и Висла Плок одиграа со нерешен резултат (31:31) во последното коло од најсилната група А. Без оглед што не победивме, Вардар го освои првото место во групата и обезбеди директен пласман во четвртфиналето, што е втора последователна сезона директно да се пласираме во најдобрите осум екипи. На прес-конференцијата после завршување на мечот, тренерот на Вардар, Гонзалез изрази задоволство од директниот пласман во 1/4.

-Нашата одбрана не беше на вистинското ниво на средбата против Висла. Имавме проблеми и тоа се виде на теренот. Висла одигра подобро од нас, но јас сум задоволен што успеавме уште една сезона во тешка група да обезбедиме прво место. Имавме силни противници, но сите дадовме се од себе.

Војводиќ смета дека нерешениот резултат е најреален исход на дуелот.

-На крајот овој резултат веројатно е најреалниот за она што беше направено во текот на сите 60 минути. За нас е уште една успешна сезона и останува да се насочиме кон оние средби кои ни останаа до крајот на сезоната и да успееме на најдобар можен начин да ја финишираме.