Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Горан Симиќ: Пресреќен сум што сум дел од еден голем колектив, кој стана препознатлив во самиот врв на Европа.
Горан Симиќ: Пресреќен сум што сум дел од еден голем колектив, кој стана препознатлив во самиот врв на Европа.

Горан Симиќ: Пресреќен сум што сум дел од еден голем колектив, кој стана препознатлив во самиот врв на Европа.

На обострано задоволство на клубот и тренерот на голманите Горан Симиќ, е потпишан нов договор, според кој Симиќ ќе ја извршува оваа функција и во наредните две години. Симиќ кој е и тренер на голманите во Црногорската репрезентација, дојде во Вардар минатата сезона заедно во пакет со Зоран Кастратовиќ.

-Договор е потпишан на обострано задоволство. Јас тука се осеќам како дома. И порано бев во Македонија само како голман и имам многу пријатели тука со кои секојдневно сум во контакт. Пресреќен сум што сум дел од еден голем колектив кој стана препознатлив во самиот врв на Европа. И минатата година како и оваа сум презадоволен од учинокот на моите голмани, кои се и мои големи другари во приватниот живот.

Сигурно е големо задоволство да се работи со најдобриот голман во свет, Арпад Штербик, но и со популарните Диви и Џамбо.

-Арпад го знам од кога застана помеѓу стативите во првата сојузна лига на Србија и Црна Гора, кога имаше 18 години. Уште тогаш го покажа својот квалитет. Ми беше драго што повторно ќе се дружам со него, иако сега јас сум тренер, а тој голман. И сигурно не е еден од најдобрите, туку “најдобар голман во светот“. Ние голманите имаме еден посебен однос меѓу себе. Ние се дружиме и на тренинзи, но и надвор од салата, каде одиме заедно на различни места. Ако така функционираме, тогаш и учинокот на натпреварите нема да изостане. Го сакам Вардар и Македонија, научив многу да зборувам и пишувам  на Македонски јазик, ни изјави Горан Симиќ за нашиот сајт.

Звонко Ивановски