Неполни 48 часа до почетокот на реванш дуелот на Вардар против Висла. Руското крило, Тимур Дибиров верува во својата екипа и своите навивачи, и најавува добар натпревар.
-Преку социјалните мрежи “фб“ и “инстаграм’ ги повикував навивачите, затоа што во Полска ни требаше поголема подршка, како и секогаш. Во тешка ситуација сме , но глава горе. Ако подршката не изостане и расположението во екипата биде на ниво, во што сум сигурен, тогаш нема да биде проблем да се стигне таа негатива. Ова е ракомет и спорт и се е можно, додаде Дибиров.
Црвено-црните ги одработуваат последните тренинзи во С.Ц. Јане Сандански, се спрема тактиката и се согледуваат грешките од првиот меч.
-Ќе гледаме да ги исправиме грешките од првиот натпревар, кои не се типични за нас и постепено да ја топиме разликата. Ние ќе ја играме нашата игра, па ќе видиме каков ќе биде крајот. Ако играме како изминативе две сезони на домашен терен ,сигурен сум дека ќе оствариме добар резултат и секако пласман во следната рунда, ни изјави Дибиров за нашиот сајт.
Звонко Ивановски