Денеска ракометниот клуб Вардар имаше пресконференција во пресрет на следниот меч со Висла Плоцк реваншот од 1/8финалето во Европската лига на шампиони. Вардар кој на првиот меч загуби 26-32 ќе се обиде да ја надокнади негативата од 6 гола и да мине во следната фаза .На пресот свое видување дадоа капитенот Лазаров Филип и шефот на стручниот штаб на РК Вардар Раул Гонзалес . Нивните изјави од пресконференцијата ги пренесе официјалниот сајт на клубот тие го изјавиле следново на истата :
Лазаров за мечот што следи вели :В сабота нe очекува тешка борба, ситуацијата е максимално комплицирана. Одигравме многу лош натпревар од Полска, имавме лош ден. Екипата на Висла одигра над своите можности, а ние не бевме ни на 50 посто. Се надевам дека во Скопје ќе се сменат некои работи, дека тие нема да одиграат толку добро, но и дека ние ќе го покажеме вистинското лице. Нашето место сигурно е меѓу најдобрите осум во Европа, меѓутоа оваа нокаут фаза не трпи лоши денови и лоши натпревари. Ние имавме многу слаб ден и на крај дури и добро поминавме со шесте негатива. Целта ни е од прва до 60 минута да наметнеме наша игра, да ја зголемуваме предноста од минута во минута и на крилјата на нашите навивачи да испишеме уште една историска вечер за овој тим, да се пласираме онаму каде што ни е местото“
Шпанскиот стратег на Клупата на РК Вардар за мечот со Пољаците вели :
Ќе го играме најважниот натпревар оваа сезона, се надевам дека ќе бидеме поуспешниот тим во ова елиминациско коло. Во Полска одигравме лошо и во нападот и во одбраната и мораме да го подобриме сето тоа ако сакаме да продолжиме понатаму. Трениравме добро оваа недела, немаме повредени играчи и се надевам дека атмосферата на домашен терен ќе биде одлична и ќе ни помогне да одиграме подобро. Секогаш кога игра Вардар на домашен терен атмосферата е извонредна, а тоа ни е многу важно затоа што нѐ очекува тешка задача, разликата е шест гола, а тоа не е малку.