Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Горбок: Тешко е кога си одалечен од семејството, затоа се враќам во Скопје
Горбок: Тешко е кога си одалечен од семејството, затоа се враќам во Скопје

Горбок: Тешко е кога си одалечен од семејството, затоа се враќам во Скопје

Сергеј Горбок од следната сезона се враќа во редовите на Вардар, откако одигра претходно две сезони во црвено-црниот дрес. Неговата нова дестинација беше екипата на Пик Сегед, каде исто така ќе се задржи две години, а од следната како што напоменавме повторно ќе биде дел од Вардар. Во интервју за медиумите во Русија, тој призна дека се враќа во Скопје, а главната причина како што ја наведе е одалеченоста со неговото семејство, односно сопругата, како и трите ќерки кои одат во американско училиште во Скопје.

-Затоа го менувам клубот, тешко е кога си одалечен од семејството и најблиските. Ова ќе биде најтешкиот тест во мојот живот. Зошто сопругата и децата се во Македонија? Девојчињата учат во американско училиште, а такво нешто во Сегед нема. Во Унгарија јас учам унгарски јазик. Јас сум веќе во години. Може да ја завршам кариерата во секој момент. Секој месец се гледаме, некогаш доаѓаат сопругата и децата  тука, некогаш јас одам таму. Можеби поради тоа ја донесов одлуката да се вратам во Скопје.