Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Две победи за кадетската и една за младинската ракометна репрезентација, на турнирот во Унгарија
Две победи за кадетската и една за младинската ракометна репрезентација, на турнирот во Унгарија

Две победи за кадетската и една за младинската ракометна репрезентација, на турнирот во Унгарија

Кадетската и младинската ракометна репрезентација се наоѓа на силен меѓународен турнир во Унгарија, на кој досега одигра вкупно три натпревари и остварија исто толку победи. Во составите на овие селекции кои се предводени од Данило Брестовац и Кристијан Грчевски, настапуваат и единаесет играчи од ракометниот клуб Вардар.

На првиот меч, кадетите се сретнаа со екипата на Естерсеги од Унгарија, која ја совладавме убедливо со резултат 55:13. По првото полувреме резултатот беше 26:5. На овој меч двајца играчи од младинскиот состав на Вардар се запишаа во листата на стрелци, се работи за Ален Ќосевски и Игор Ѓорѓиев кои постигнаа по 3 голови. Втората победа на турнирот ја забележавме во дуелот со силниот тим на Веспрем, кој го совладавме со резултат 27:25.

Во истиов ден, натпревар одигра и младинската селекција на Македонија, против младинците на Веспрем. Екипата од Унгарија беше пред победа, кога водеше со резултат 22:21, но нашите надежи ги постигнаа последните два голови и на крај славеа триумф со резултат 22:23.  На овој дуел бекот на Вардар Јуниор, Марко Мишевски постигна четири голови, додека еден гол и за крилото, Иван Димитриоски.