Рускиот репрезентативец во дресот на Вардар, Сергеј Горбок после шест месеци пауза може да се врати на терените и да му помогне на својот тим во следните предизвици. Горбок се повреди на тренинг на почетокот на месец септември минатата година кога ги скина лигаментите. Беше успешно опериран во Загреб, по што следеше долг период на рехабилитација. На вчерашната прес-конференција пред мечот со ППД Загреб, тренерот на Вардар Гарсија Парондо истакна дека Горбок може да се врати во составот за 2-3 недели, што значи дека русинот може да биде подготвен за настап во осминафиналето од Лигата на Шампионите.
Покрај настапите во Лигата на Шампионите, црвено-црните ги очекуваат и завршен турнир во СЕХА-лигата каде ќе го бранат трофејот во ова натпреварување, а тука се и домашните обврски во Лигата и Купот, па и тоа како ќе биде потребен поширок ростер. Се надеваме дека Горбок, како и Борозан ќе помогнат да имаме уште подобар напад.