Изминатиот викенд низ ракометните терени во Македонија во два дена се одиграа 12 меча во рамките на првата фаза во Купот на Македонија. Кај момците се познати сите четвртфиналисти, т.е четирите прволигаши што ќе им се придружат на Суперлигашите и СЕХА двоцеот, Вардар- Металург.
Во првиот шешир дирекно влегуваат Вардар и Металург и прво и второпласираниoт тим во Суперлигата по крајот на есенската полусезона. Па така младиот црвено-црн колектив, Вардар Јуниор се најде во треттиот шешир. Во последниот се прволигашите. Според пропозициите повторно ќе се игра во групи, на 21 и 22 април. Победниците ќе се пласираат на завршниот Ф’ турнир кој ќе биде одигран од 17 до 19 мај. Шеширите изгледаат вака:
I- шешир: ВАРДАР, Металург, Еурофарм Работник, Бутел
II- шешир: Охрид, Пролет, Пелистер, Струга
III- шешир: Радовиш, Прилеп, ВАРДАР Јуниор, Борец
IV-шешир: Металург 2, Јуниор, Тиквеш, Астраион