Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Струга гостува кај Вардар Јуниор, шанса за победа по двата порази
Струга гостува кај Вардар Јуниор, шанса за победа по двата порази

Струга гостува кај Вардар Јуниор, шанса за победа по двата порази

Момците на Стојан Петрушевски и Пепи Манасков, тимот на Вардар Јуниор  во претходните три кола врзаа три гостувања во низа за само една недела, забележивме победа во Велес кај Борец, а потоа имавме два пораза. Викендов ја пречекуваме екипата на РК Струга, солиден тим против кој ќе се обидеме да дојдеме до победа по двата врзани порази на гостувањата кај тимовите на Еурофарм и Радовиш.

Дуелот кој е дел од 11.коло во Супер лигата ќе се игра во малата сала при С.Ц “Јане Сандански“ во Скопје, утре, сабота 24/11/2018 со почеток во 17-30 часот. Судии на истиот ќе бидат Георгиевски Димитар и Дејан Георгиевски од Скопје. Моментално на табелата по десет кола ние сме 8.место со девет бода, стружани имаат четири бода повеќе и се на две позиции пред нас. На првата средба Вардар Јуниор како гостин кај овој тим беше поразен со резултат 32-22 (15-10).