Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Грегори Давков: Се одлучив за Вардар затоа што е најтрофеен клуб во Македонија, со најдобри услови за работа
Грегори Давков: Се одлучив за Вардар затоа што е најтрофеен клуб во Македонија, со најдобри услови за работа

Грегори Давков: Се одлучив за Вардар затоа што е најтрофеен клуб во Македонија, со најдобри услови за работа

Генерацијата на ФК Вардар родени “2003“ година ја имаат дебитантската сезона во рамките на помладата пионерска Супер лига. После 11 одиграни кола, црвено-црните се наоѓаат на второто место со реални шанси до крајот од сезоната да се борат за трофејот. Екипата е малку поизмената од претходните две сезони, со оглед дека на тимот се приклучија и старо-нови играчи. Тоа беа повратниците од Академијата на ФФМ, плус новајлиите, Давков и Живков. Токму нашето следно интервју е со левиот репрезентативен бек и член на Вардар, се работи за Грегори Давков.

1. На колку години започнавте да играте фудбал и кој беше вашиот прв тим и тренер со кој соработувавте ?

-Фудбал започнав да тренирам на осумгодишна возраст во приватната фудбалска школа “Фудбал Старс” од Кочани, кај тренeрот Симе Митев, инаку поранешен фудбалер на ФК.Осогово од Кочани. Тој заедно со поддршката од моите родители, а најповеќе од татко ми го имаат најголемиот удел за напредок како фудбалски талент.

1959295_601076586646049_1426497285_n

2. Бевте две години дел од Академијата на ФФМ, за каков проект и организација се работи. Освен тренинг и играње фудбал како поминуваше еден ваш ден на Академијата на ФФМ ?

-Бев две години дел од првата генерација од проектот на ФФМ, со покровителство на УЕФА. Можам да кажам дека условите што ги нуди ФФМ се едни од најдобрите во државата а програмата за работа е усогласена по терк на европските програми за работа со млади надежни фудбалери. Освен тренинзите кои се секојдневни, дел од времето е посветено на училиштето и учењето, дел за посета на базен и работа во вода, посета на кино и театар,о рганизирана посета на сите на натпревари на домашен терен на фудбалската репрезентација на Македонија и.т.н.

14910428_1177914462295589_7458651601185535451_n

3. Зошто го избравте баш Вардар за клуб во кој ќе продолжите понатаму. Дали имавте понуди и од други екипи и што беше пресудно за да го облечете црвено-црниот дрес ?

-Иако имав можност да бидам дел од тимот на “Академија Пандев”или Работнички, сепак после разговори и со други стручни лица и познавачи на фудбалот во Македонија одлучивме да пробам и да продолжам во ФК.Вардар од Скопје. Прво пред се затоа што Вардар нуди услови слични на условите во ФФМ, второ Вардар е најтрофејниот клуб во Македонската фудбалска историја, чест и гордост е да се бранат вардаровите бои и трето во овој клуб има многу стручни лица од кој што може да се научи многу во фудбалот. Задоволен сум од тоа како сум прифатен во тимот.

4. Колку сте задоволни од досегашниот дел на сезоната, во која имате променливи периоди во играта ?

-Осцилации во играта има затоа што во тимот се приклучија неколку нови играчи и мислам дека во вториот дел од првенството кога повеќе ќе се воиграме тимот нема да има повеќе проблеми околу победите. 

316

5. Имате можност да работите со Деспотовски кој е поранешен играч на Вардар. За каков тренер и личност станува збор?

-Мој трет по ред тренер е Филип Деспотовски многу добар стратег, педагог и пред се многу голем мотиватор. Задоволни сме од неговата работа и односот спрема играчите, ние се обидуваме да вратиме на укажаната доверба и даваме максимум на секој меч.

6. Во средата успеавте да ја елиминирате екипата на Шкендија и да се пласирате во полуфиналето на купот. Дали е ова почеток на нови успеси ?

-Не само во Тетово со Шкендија оваа млада екипа ке реди успеси низ цела Македонија и надвор од неа. Ќе дадеме се од себе за да ја освоиме двојната круна, односно првенството и купот.

2461-660x330

7. За кои се младински репрезентации имате настапувано ?

-Во репрезентацијата на Македонија настапувам почнувајки со У14, У15 и оваа сезона со У16, под водство на трпеливиот тренер и селектор Звонко Златановска на кого сум му многу благодарен за подршката и довербата што ми ја дава.

Звонко Ивановски