Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Каденас: Вардар ја освои Лигата на шампионите во 2017 година и секако дека е фаворит на “хартија“ на овој натпревар
Каденас: Вардар ја освои Лигата на шампионите во 2017 година и секако дека е фаворит на “хартија“ на овој натпревар

Каденас: Вардар ја освои Лигата на шампионите во 2017 година и секако дека е фаворит на “хартија“ на овој натпревар

Против Брест Мешков, нашиот тим ќе се обиде да ја прекине серијата од два порази во ЛШ, на мечевите одиграни против Барселона, а белорусите се наоѓаат во уште полоша ситуација во која се без освоен бод на последните шест дуели во најсилната група А. Вардар е во борба за горниот дел од табелата, додека Брест Мешков се обидува да ги продолжи настапите во следната елиминациска рунда од ЛШ. Во пресрет на утрешниот натпревар, тренерот на Брест Мешков, потенцира дека фаворит на “хартија„ и дека бодовите се повеќе од потребни за неговиот тим, во пресрет на овој меч.

-Се подготвуваме за мечот со Вардар и ги согледуваме грешките од поразот на гостински терен во Скопје. Знаеме дека мораме да вложиме максимум доколку сакаме да победиме и да ја прекинеме лошата серија во ЛШ. Неопходни ни се бодовите од овој натпревар доколку сакаме да се пласираме во следната рунда од Лигата на Шампионите. Очекувањата се големи, но потребно ни е многу за да успееме во нашата цел. Вардар ја освои Лигата на шампионите во 2017 година и секако дека е фаворит на “хартија“ на овој натпревар. Сепак, овој факт не е секогаш пресуден. Очекувам голема поддршка од навивачите, за да стигнеме до добар резултат, истакна Каденас.