Викендов продолжуваат возбудувањата во машката ракометна Супер Лига. Вториот вардаров, млад сениорски тим кој натпреварува во Супер лигата, екипата на РК Вардар јуниор во недела гостува кај градскиот ривал РК Работнички, што е одлична прилика за трета победа оваа сезонава.
Ова е меч во рамки на 13. коло во ВИП Супер лига. Гостувањето кај “фенерџијата“ во лигата е закажано за в недела, 4-ти декември со почеток во 12-00 часот. Црвено-белите ќе ни бидат домаќини во салата “Форца” – Скопје. Нашиот противник досега нема ниту еден бод освоено во лигата, што е голема прилика за избраниците на Стојан Петрушевски да дојдат до трет триумф сезоната. Минатото коло во интересен дуел во “Кале“ однесовме победа над Радовиш, така да оваа прилика за две врзани победи треба да ја искористиме што ќе донесе голема самодоверба кај младиот состав на Вардар Јуниор. Со Работнички во првиот круг од суперлигашката конкуренција игравме на домашен терен на 8 октомври, на дуелот во С.р.ц. “Кале“ однесовме триумф со 19-12. Следното 14.коло ќе го играме дома на 10/12/2016 кога ќе ја пречекаме екипата на Охрид која заедно со битолски Еурофарм Работник го дели врвот со по 25 бода во досегашниот тек од сезоната.