Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Историја > Единствена приказна од вардаровата историја, како првпат во Екс-Ју лигата се најдоа таткото и синот Мутибариќ заедно во конкуренција за местото на голот
Единствена приказна од вардаровата историја, како првпат во  Екс-Ју лигата се најдоа таткото и синот Мутибариќ заедно во конкуренција за местото на голот

Единствена приказна од вардаровата историја, како првпат во Екс-Ју лигата се најдоа таткото и синот Мутибариќ заедно во конкуренција за местото на голот

Фудбалскиот клуб Вардар постои речиси 70 години, низ овие 7 декади многумина голмани го бранеле црвено-црниот гол. Сепак меѓу плеадата извонредни чувари на „црвено-црната“ мрежа, во преден план отскокнува името на прославениот и честопати несовладливиот Драган Мутибариќ. Роден на 10 ноември 1946 година, во Сомбор – соседна Србија, Мутибариќ со успех настапува меѓу вардаровите стативи, најпрвин од 1966-тата до 1975-тата, а потоа и од 1979-тата до 1983-тата година. Во тимот на Вардар има брането на вкупно 461 натпревар, од кои 256 се првенствени средби и според бројот на настапите се наоѓа на четвртото место во богатата клупска историја.Човекот кој остави неизбришливи траги со неговите бравурозни интервенции, во неколку наврати работеше и како тренер на голманите во првиот тим и младинските екипи на Вардар. Токму како  член на стручниот штаб, Мутибариќ може да се пофали и со четири освоени трофеи во државното првенство (сезона: 1992/93, 1993/94, 1994/95 и 2002/03) и еден во националниот куп (1997/98) во независна Република Македонија. Покрај него на голот на Вардар има свои моменти и неговиот син Слободан Мутибариќ. Тој беше во генерација со Панчев, екипата која се закити со младинска југословенска титула. Посебно интересен е еден факт  кога во еднен момент што беше “куриозитет“  во Екс-Ју лигата се разбира и единствен пример во Вардар овие 70 години се најдоа татко и син во првата постава на една екипа и двајцата конкурираа за место помеѓу стативите. Слободан зборува за својте почетоци и токму тој момент за нашиот сајт.

Слободан во рацете на легендарниот Драган Мутибариќ!

Слободан во рацете на легендарниот Драган Мутибариќ!

Во фудбалскиот клуб Вардар започнав во далечната 1980 година во пионерите под водство на Златко Илиевски и Кирил Дојчиновски. Започнав како центарфор, некако порано ме привлекуваше во моето мало да играм како напаѓач и нормално понекогаш застанував на голот да видам какво е чуството. Периодот во Вардар како центарфор заедно со Дарко Панчев ми остана во убаво сеќавање.  Но нашиот тренер како што поминуваше времето не мислеше така и по една повреда на првиот голман ме стави да бранам со помислата дека морам да имам нешто преземено од Вардаровата легенда и мој татко, Драган Мутибариќ. Со тоа се сложија Андон Дончевски и Златко Илиевски, тој натпревар се сеќавам дека го одбранив одлично. За време на тие две години колку што бранев во Вардар бев дел од многу турнири и со Македонската младинска репрезентација која тогаш ја предводеше Трајче Ковачев покажавме со моите соиграчи Коки Аврамовски, Дарко Панчев и Зоран Трајчевски дека Вардар има светла иднина. Во 1983 година на помошното игралиште на Вардар се играше пријателски натпревар помеѓу нашата младинска екипа и втората екипа на Вардар, на кој ние победивме и 4-5 играчи од младинскиот погон бевме префрлени во првиот тим од тогашниот тренер Вукашин Вишњевац. Ја паметам таа година, бидејќи за прв пат во историјата на Екс-Ју лигата се најдоа татко и син во првата постава на една екипа, мојот татко кој имаше 37 години и јас со 17 години. Тука беше и Момчило Грошев кој се истакнуваше со големата храброст и пожртвуваност на тренинзите.

muto

Слободан и Драган Мутибариќ !

 Следната година го освоивме младинскиот куп на Екс-Ју, каде покажавме дека сме талентирана генерација. Овој натпревар се играше во Белград, на маракана, на кој ние победивме со 3:2 против екипата на Војводина. Секако најубав период е кога сениорскиот тим на ФК Вардар во 1987 година ја освои шампионската титула, во која настапував и јас, како и Панчев, Аврамовски и Трајчевски.

Мутибариќ работи како тренер на голманите во младинските генерации на фудбалскиот клуб Вардар. Неговата квалитетна и напорна работа изминативе две години исплива на површина, со освојување на многу награди и признанија за неговите ученици, кои го бранат голот во младите екипи на Вардар. Ова се само дел од наградите за голманите на младинските екипи на ФК Вардар во 2015/16 година:

vardarfans-najdobri-golmani2-556x330

Стефан Тасев: награди за најдобар голман на турнирот “Фер Плеј куп“ во Охрид (2015 год.), турнир во Благоевград (2015 год.), “Балканика Куп“ и “Евима куп“ во Бугарија (2016 год.)

Васко Василев: награда за најдобар голман во детската лига на ФФМ за генерација родени “2004“ година, каде со својата екипа го освои првото место во натпреварувачката сезона 2015/16.

vardarfans-stefan-tasev1-660x330

Андреј Данстак: Има учествувано на 10 меѓународни и домашни турнири во 2015 година на кои има освоено многу пехари, медали, дипломи, признанија. Поединечни награди за најдобар голман на ФФМ детска лига 2014-2015год, како и на турнирите: TOP TIM – Охрид, LG CUP – Битола, FER PLAY – Охрид и во Стајковци – Скопје (по повод 13 ноември), како и на последниот “Кул Куп“ во Карпош и К. Вода.

Лука Јаневски: награда за најдобар голман на турнир во Охрид (2015 год), на престижен камп во Германија (2016) како и на завршниот турнир во детската лига на ФФМ кај генерација родени “2007“ година со која минатата сезона го освои првото место.

danstak2

-Во Вардар сум тренер на голманите од 2006  година па се до денес со мали периоди на менување на управите. Денеска клубот со ваквите услови и новиот сопственик, господинот Сергеј Самсоненко ни овозможи да работиме во одлични услови и да размислуваме само за доброто на овие селектирани и талентирани деца во Македонија кои еден ден треба стигнат до првиот тим на ФК Вардар, а со тоа и до репрезентацијата. Од голманите кои ги тренирам, тоа се генерациите од 2003 па се до најмладите родени 2009 година.

13254028_1750256105194893_7705487829313393927_n

-Морам да истакнам дека сум презадоволен од нивната упорност, талентираност и желбата да станат број еден во Вардар за некоја година. Ова го кажувам со верба затоа што од 2015-2016 година освоија награди за најдобри голмани на најмалку 20 турнири каде учествуваа младинските екипи на ФК Вардар. Со тоа дојде до резултат и мојата упорност и работа. Секако за да го остварам ова имам голема помош од координаторите Сашо Милошевски, Павел Неделковски, како и од нашиот голем пријател Јовче Џипунов.

Мутибариќ го потенцира и значењето на новиот проект на ФК Вардар. “Јуниор лигата“ е можност да се донесат најдобрите деца во младинските екипи на клубот.

-“Јуниор“ лигата се покажа како одличен потег на управата на клубот, каде добивме можност да ги видиме талентираните деца и од другит градови и школи кои се дел од академијата на Вардар. Нашата цел е да ги селектираме и донесеме да настапуваат за младинските екипи на клубот кои играат во детската и регионалната лига.

Драган специјален гостин на “Војна на голманите на ФК Вардар“ каде ги додели пехарите на пулените на Слободан!

Драган специјален гостин на “Војна на голманите на ФК Вардар“ каде ги додели пехарите на пулените на Слободан!

Звонко Ивановски