Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Гостување за РК Вардар 2 во Штип, против екипата на Текстилец
Гостување за РК Вардар 2 во Штип, против екипата на Текстилец

Гостување за РК Вардар 2 во Штип, против екипата на Текстилец

Денес со почеток од 12 часот во Штип, екипата на РК Вардар ќе го одигра третото коло во рамките на првата ракометна лига. Противник ќе ни биде екипата на Текстилец.

По првите две одиграни кола избраниците на Зоран Петковски имаат исто толку победи и се наоѓаат на првото место на табелата. Оваа млада екипа покажува добра игра и резултати на стартот на сезоната. Беа совладани екипите на Струга и Партизан од Гевгелија, а сеочекува победничката серија да продолжи и на “незгодното“ гостување во Штип. Текстилец беше екипата која минатата сезона успеа да не совлада, токму на истиов терен и да ни откине три планирани бодови. Противникот сеуште е без бодови на првите два одиграни натпревари.

Расположениот во нашиот табор е на високо ниво. Секој од овие млади играчи сака да се докажува и да го покаже најдоброто од себе. Очекуваме нова добра игра на црвено-црните и нов триумф, со кој би се зацврстиле на врвот на табелата.