Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Градска дерби пресметка во СЕХА-лигата, вечерва Вардар е домаќин на Металург
Градска дерби пресметка во СЕХА-лигата, вечерва Вардар е домаќин на Металург

Градска дерби пресметка во СЕХА-лигата, вечерва Вардар е домаќин на Металург

Вечерва во С.Ц. Јане Сандански ќе се одигра градското ракометно дерби во СЕХА-лигата, помеѓу екипите на Вардар и Металург. Токму со овој противник ја започнавме одбраната на титулата во ова натпреварување, кога на отварање на сезоната го совладавме тимот од Автокоманда во арената Борис Трајковски и тоа повеќе од убедливо со резултат 23:32.

Вардар е голем фаворит и во пресрет на вечерашниот дуел, кој покрај натпреварувачки, резултатски ќе има и хуман карактер, со цел да му се помогне на Борче Јовановски (16) кој мора итно да замине на операција во странство на трансплантација на коскена срж.

Црвено-црните не знаат за пораз оваа сезона и во СЕХА-лигата се наоѓаат на првото место на табелата, со девет победи од исто толку одиграни натпревари. Металург е на седмото место и има три победи и дури шест порази, со мали шанси да се најде во бробата за пласман на завршниот турнир. Инаку ова ќе биде 13-ти меѓусебен дуел на овие две екипи во СЕХА-лигата, каде Вардар има осум победи, два натпревари завршиле со нерешен резултат, додека во два наврати подобар бил тимот од Автокоманда. Металург не успеа да се пласира ниту во осминафиналето на ЛШ, каде заврши на претпоследното место во својата група. На последните натпревари екипата ја предводи Александар Јовиќ, така се очекува да биде и на денешниот дуел. Неизвесни за настап кај Вардар се Абутовиќ и Карачиќ, додека останатите се на располагање на тренерот Гонзалес, во дерби пресметката. Металург секогаш знае да одигра мотивирано против нашиот шампион, така беше и минатата сезна кога во рамките на меч од супер-лигата не совлада во нивната сала во Автокоманда, но Вардар го врати ударот на реваншот и тоа победувајќи со голема разлика. Се очекува вечерва да ја продолжиме серијата на победи и полека да ја заокружиме најуспешната година во историјата на клубот. До крајот на годината не очекува уште и гостување кај екипата на Горење Велење.

Цената на билетите е само 50 денари, а на влезот на салата ќе бидат поставени и кутии за донирање на пари кои исто така ќе бидат наменети за лекувањето за Борче Јовановски.