После вчерашниот нерешен резултат против екипата на Петесон Врањиќ, пионерките на РК Вардар во текот на денешниот ден одиграа три натпревари.
Првиот беше утрово против домашниот тим на Метковиќ, од кој бевме поразени со резултат од 15:12. Избраничките на Анжела Платон подобро го отворија овој натпревар и по пет минути игра имаа предност од 1:3. Водевме и со 2:4 за екипата на Метковиќ да го израмни резултататот на 4:4, што беше и второ израмнување на овој дуел. Црвено-црните уште во три наврати имаа предност од еден гол, а последното беше од 6:7, кога дозволивме на домашниот тим да направи серија од 3:0 и да поведе за прв пат на мечот со 9:7. Од тој момент тие ја превземаа предноста и имаа контрола на резултатот. Вардар намали за момент на 9:8, но Метковиќ постигна три последователни голови и зголеми на највисоки четири голови разлика (12:8).Оваа позитива ја одржаа се до последната минута, кога водеа и со 15:11, за Вардар да го постигне последниот гол на мечот и да го постави конечениот резултат од 15:12.
Кај Вардар Сара Стефаноска и Мила Пешиќ постигнаа по 3 голови, додека по 2 беа дело на Александра Коловска, Борјана Коцева и Ива Ангеловска.
На вториот натпревар прикажавме многу подобра игра и убедливо го добивме мечот против екипата на Зрински, со конечен резултат од 11:18. Противникот прв го отвори резултатот од 1:0, а водеше и со 2:1 и 3:2 за нашите надежи да постигнат три голови во серија и за прв пат на овој меч да поведат со 3:5. Следат брзи два гола на Зрински, за израмнување на резултатот на 5:5, за Вардар да биде подобар во следните четири минути и повторно да ги врати оние највисоки два гола разлика (6:8). Решавачкиот чекор кон победата, Вардарки го направија кога при резултат од 7:8 направија серија од 0:5 и поведоа со најголеми 7:13, по што полека се насетуваше победникот на натпреварот. Зрински имаше сили само за да намали на 9:14, за разиграниот Вардар со нова серија од 0:3 да поведе и со 9:17 и да стави точка на овој меч. До крајот на натпреварот, Зрински намали за конечни 11:18.
Бојана Коцева и Александра Коловска постигнаа по 4 голови, во првата победа на Вардар на овој турнир. Ива Ангеловска, Мила Пешиќ и Борјана Коцева постигнаа по 3 голови, додека еден беше дело на Магдалена Тошевска.
На последниот натпревар од групната фаза, се сретнавме со една од најсилните школи на балканот, се работи за екипата на Будуќност од Подгорица. Овој натпревар заврши со нерешен резултат од 11:11. Вардар има за што да жали на овој натпревар бидејќи водеше од самиот старт на натпреварот, а противникот се избори за нерешен резултат во последната минута. Добро го отворивме натпреварот кога поведовме со 2:0, за Будуќност да постигне прв гол и да намали на 2:1, по што следеше наша серија од 3:0 за предност од 5:1. Одлично игравме во овој период од натпреварот кога имавме и водство од 7:4. Сепак можеби неискуството од вакви големи турнири си го направија своеото, иако нема што да им се замери на оваа нова генерација на Вардар, која е заедно само два месеци. Будуќност постепено ја топеше нашата предност и на крајот се избори за нерешен резултат од 11:11. На овој натпревар најефикасна беше Бојана Коцева која постигна 4 голови, Мила Пешиќ додаде 3, додека 2 беа дело на Борјана Коцева. Бојана Радевска и Ива Ангеловска беа стрелци на еден гол.
Групната фаза ја завршивме со два нерешени резултати, една победа и еден пораз. Во оваа генерација натпреварите се играат во две полувремиња од по 15 минути. Се очекува во текот на утрешниот ден да играме за плсман на турнирот.