Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Металург парираше само едно полувреме, Вардар со својата “гранитна“ одбрана го сруши градскиот ривал и стигна до својата 10-сета последователна победа во СЕХА
Металург парираше само едно полувреме,  Вардар со својата “гранитна“ одбрана го сруши градскиот ривал и стигна до својата 10-сета последователна победа во СЕХА

Металург парираше само едно полувреме, Вардар со својата “гранитна“ одбрана го сруши градскиот ривал и стигна до својата 10-сета последователна победа во СЕХА

Европскиот и балкански шампион стигна до својата десетта последователна победа во СЕХА-лигата. Вечерва во С.Ц. Јане Сандански, Вардар го победи својот градски ривал, екипата на Металург со резултат 31:24.

Металург во текот на целото прво полувреме имаше предност, а највисоката беше четири голови разлика, или 9:13 во 23 минута од натпреварот, кој со два гола го отвори Велковски за водство од 0:2. Вардар секогаш беше во чекор на предноста на Металург, која се движеше од 1-3 голови разлика. Со голот на Борозан во 11 минута стигнуваме до само еден гол негатива (5:6), но екипата од Автокоманда повторно успева да се одлепи на три погодоци (6:9). Брзоплетите напади на Вардар, му ја овозможија оваа предност на Металург, кој посмирено делуваше во организацијата на своите напади. Дибиров успешно погодуваше од ударите од седум метри и одржуваше резултатска неизвесност. По првото полувреме резултатот беше 12:14 во корист на гостинската екипа.

vardarfans-dibirov

Вардар заигра многу подобро и пред се поцврсто во одбраната, во вторите 30 минути. Металург последен пат беше во предност и тоа од 14:16 во 34 минута, кога црвено-црните постигнаа три последователни голови и интересно за прв пат на натпреварот дојдоа до водство од 17:16. Најубав момент се случи во 40 минута кога Вуко Борозан со цепелин асистира до Кристопанс, а летонскиот “џин“ погодува за нова предност од 18:17. На нашиот гол се разбрани Арпад Штербик, а нашиот шампион започна да погодува речиси од секоја позиција си голот на Дибиров во 45 минута имаме највисоки 20:17.

24993637_10210919644129298_992991736599664042_n

Падна играта на противникот, кој видливо беше дека не може да го одржува силното темпо на игра кое го наметнаа избраниците на Гонзалес во второто полувреме. Главната одлика која го краси Вардар, нашата “гранитна“ одбрана започна да функционира на своето препознатливо ниво и благодарение на таквата цврста игра дојде и резултатскиот пресврт. “Бомбите“ на Борозан не изостанаа и на овој натпревар, па со неговиот трет гол, и со вториот гол на Лука Циндриќ, црвено-црните се одлепија на солидна предност од 24:18 на десет минути пред крајот на натпреварот. За цели 20 минути игра во второто полувреме, гостинот постигна само четири голови, што говори за добрата игра во одбраната. Шанса да се запише во листата на стрелци доби и Мартин Поповски кој погодува од седум метри и му носи највисоко водство на Вардар (27:20). Дозволивме на противникот со три голови во серија да намали на 27:23, но Борозан ја прекинува и го постигнува својот петти гол од исто толку обиди. На крајот конечниот резултат гласи 31:24.

Најефикасен беше Дибиров со 10, додека Борозан додаде 7 голови. Ова беше десетта последователна победа во СЕХА-лигата, а последниот натпревар за оваа година ќе биде оној на гостувањето против Горење Велење, кој е закажан за на 13-ти- декември.