Новиот вардарец, Едуардо Гурбиндо, успеа да освои бронзен медал на Олимписките игри во Токио.
Денес, во борба за третото место, ракометната репрезентација на Шпанија беше подобра од таа на Египет. Избраниците на Жорди Рибера славеа триумф, изразен со резултат 31:33. Во најголем дел од натпреварот, репрезентацијата на Шпанија беше во резултатска предност, истата на полувреме изнесуваше три гола разлика (16:19).
Претходно во полуфиналето, Шпанија доживеа пораз од Франција, која пак успеа да се закити со златниот медал откако во големото финале ја победи селекцијата на Данска.
Наскоро, Гурбиндо треба да се приклучи на составот на Вардар, кој моментално се подготвува за дуелот со Супер Купот против екипата на Еурофарм.