Натпреварите од 49.издание на струшкиот ракометен турнир ќе бидат пренесувани на МРТ. Организаторот веќе ги објави групите, како и термините на одигрување натпревари.
Вардар ќе биде во група со екипите на Струга и Бутел, а директен пренос ќе можеме да гледаме од вториот натпревар на вардарци. Според програмата, на 14.август ќе играме со екипата на Бутел и од тој натпревар ќе има директен пренос.
Се поизвесно е дека Вардар ќе игра во големото финале на турнирот, кое е закажано за 15.август со почеток од 21:15 часот, од кое МРТ исто така ќе врши пренос. Големи се шансите да гледаме реприза од минатата година, кога Вардар и Еурофарм Пелистер се сретнаа во големото финале, таму славеше тимот од Битола.