Monday ,20 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Шпанија го победи Бразил, Гурбиндо се запиша во листата на стрелци

Шпанија го победи Бразил, Гурбиндо се запиша во листата на стрелци

Шпанската ракометна репрезентација за која настапува еден играч на Вардар, стигна и до третта победа на Олимписките игри во Токио и на тој начин обезбеди пласман во 1/4 финалето.

Денес избраниците на Жорди Рибера стигнаа до висок триумф на дуелот со репрезентацијата на Бразил. Конечниот резултат гласеше 32:25 во корист на „фуријата“.

Во најголем дел од првото полувреме, репрезентацијата на Бразил беше во предност, која во еден момент достигна и до четири голови разлика. Сепак до крајот на првиот дел, упорната Шпанија се избори за нерешен резултат по истекот на 30-те минути. На стартот од вториот дел, гледавме поинаква Шпанија која ја превзема предноста и не дозволи до крајот да ја загуби. Бразил одржуваше некаква резултатска рамнотежа до 50 минута кога резултатот беше 26:24. Сепак до крајот следеше голема серија, за висока победа.

Ова беше трет триумф во групата А за Шпанија со која е максимална со 6 освоени бодови, на првото место и на тој начин со обезбеден пласман во 1/4 финалето на ОИ во Токио.

Во триумфот на Шпанија, новиот вардарец, Едуардо Гурбиндо успеа да постигне еден гол.