Најзвучното засилување за Вардар, шпанскиот репрезентативец Едуардо Гурбиндо во интервју за ,,Нотисиас де Навара” говори за соработката со Вардар и нa неколку други интересни теми.
„Да, така е. Вистината е дека има луѓе кои велат дека ќе играм во Вардар затоа што таа е од Македонија и сакаше да си оди дома. Јас и Елена разговаравме за тоа и ќе останевме во Нант, но понудата за обновување не беше фер. Ми понудија само едногодишно продолжување, а доколку клубот сметаше дека има смисла, на крајот од сезоната ќе добиев нов договор од една година. И намалувањето на платата беше многу важен фактор. Но, тоа не беше само економско прашање. Потешко беше што не веруваа во мене. Ми понудија една година поради проблемите со коленото и тоа беше малку навредувачки за мене.
Вардар ме контактираше и ми понуди тригодишен договор. Се работи за интересен проект, економскиот дел е прифатлив и ако на сето тоа додадеме дека таа е од таму и дека можеме да уживаме во нејзиното семејство, тоа е понуда со целосен пакет. Отидов лице в лице и му реков на претседателот на Нант дека имам понуда од Вардар и дека сопругата е од таму. Ако ми понудеше нешто интересно, јас ќе останев затоа што сакав да продолжам” , вели Гурбиндо.
Гурбиндо три сезони ќе го носи дресот на Вардар.