Вардар успеа да се пласира во 1/4 финалето на СЕХА-лигата, откако го доби двомечот со екипата на Металопластика. Црвено-црните после високата победа на првиот натпревар од осум голови разлика, на вториот имаа опуштен пристап, иако имаа негатива, сепак направија резултатски пресврт, дојдоа до позитива која ја задржаа до самиот крај.
Ова беше последен дуел сезонава за црвено-црните, кои ја освоија двојната круна во Македонија, исто така се пласираа во осумте најдобри екипи во СЕХА, додека настапите во ЛШ ги завршија во осмина-финалето. Алушовски вели дека Вардар остварил три од четирите цели.
„Последен натпревар, честитки за момците за играта и залагањето. Поради фактот дека е крај на сезоната повеќето играчи со главните се на одмор, или во нови средини секако дека е тешко, но задоволен сум од текот на целата сезона. Остваривме три од четирите цели. Честитки на момците за залагањето и за тоа што го направија за Вардар. Шанса добија оние кои не играат многу, но морав да ги вклучам поискусните за да спасуваме и да се враќаме од негатива“