Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Седум играчи од Вардар ќе се борат за еден од медалите на ЕП, кое од утре стартува во Хрватска
Седум играчи од Вардар ќе се борат за еден од медалите на ЕП, кое од утре стартува во Хрватска

Седум играчи од Вардар ќе се борат за еден од медалите на ЕП, кое од утре стартува во Хрватска

Од утре стартува Европското првенство за ракомет, кое се до 26-ти јануари ќе се игра во Хрватска. Вкупно 16 репрезентации поделени во четири групи ќе се борат за еден од медалите на ова првенство, меѓу кои е и Македонија.

Што се однесува до ракометарите кои ќе го претставуваат Вардар на ЕП, нив ги има вкупно седум кои доаѓаат од четири репрезентации. Стојанче Стоилов и Мартин Поповски ( Македонија), Жоан Кањелас ( Шпанија), Лука Циндриќ, Игор Карачиќ и Иван Чупиќ ( Хрватска) како и Мијајло Марсениќ (Србија) се играчите кои доаѓаат од Европскиот шампион. Интересен ќе биде судирот помеѓу Хрватска и Србија и тоа уште на стартот на првенството, во рамките на првото коло од групата А, дуел на кој ќе гледаме играчи од Вардар, но на спротивставени страни. Тоа ќе биде и единственото соочување на “вардарци“ во овој прв дел од натпреварувањето по групи. Што се однесува до останатите, Македонија својот прв натпревар го игра во сабота, против селекцијата на Словенија, додека Кањелас со Шпанија за прв противник ја има репрезентацијата на Чешка.

Да не забораваме тука е и тренерот на Вардар, Раул Гонзалес кој ќе ја предводи Македонија и ќе се обиде да постигне успех на првенството. Не очекуваат интересни натпревари и возбудувања, а каков ќе биде конечниот пласман на репрезентациите останува да видиме.