Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дибиров и Шишкарев вечерва против Словачка за заверка на првото место во групата
Дибиров и Шишкарев вечерва против Словачка за заверка на првото место во групата

Дибиров и Шишкарев вечерва против Словачка за заверка на првото место во групата

Вардаровата четворка во “Зборнаја“ вечер има прилика да ја завери првата позиција во групата-1 од првата фаза во квалификациите за Светското ракометно машко првенство. Руската репрезентација која ја водат вардарците, Едуард Кокшаров и Давид Дејвис, а во која главни “ударни игли“ се вардаровите крила, Даниил Шишкарев и Тимур Дибиров  гостува кај селекцијата на Словачка.

Руската селекција на чело со спортскиот директор на РК Вардар, Кокшаров бележи само успеси. Тие го освоија кон крајот на годината турнирот “Yellow cup“ во Швајцарија, а во групата-1 од квалификациите за СП-2019 се перфектни со четири последователни победи од истотолку одиграни мечеви. Русите се први во групата со осум бода, а нивниот домаќин Словачка е зад нив со шест бода. Вечер е прилика со победа на коло до крајот да ја обезбедат првата позиција. Во првиот натпревар одигран во Русија, момците на Кокшаров триумфираа со двоцифена предност, односно со високи 32-22 што има дава предност и при евентуален пораз со разлика под десет гола. Дуелот се игра во 18-30 часот, денес.