Вечерва Вардарци ја демонстрираа својата сила и моќ, а тоа најдобро го осети екипата на Фленсбург, која доживеа вистински дебакл на реваншот во Скопје. Не само што ја зачува предноста од првиот меч, туку црвено-црните славеа многу поубедливо, испраќајќи го гостинот дома, со осум гола негатива. Ние докажавме дека заслужуваме да играме на Келн и тоа го покажавме на најдобар можен начин. Вака од соблекувалната беше поздравен пласманот во Келн.