Нашиот ракометен шамион успеа да испише историја, пласирајќи се за прв пат во својата историја на завршниот турнир во Келн. Вардарци и во вториот меч го победија Фленсбург, но овој пат многу поубедливо со резултат 31:22. Повеќе од заслужено момците на Раул Гонзалес се најдоа во Келн, покажувајќи карактер и на двата натпревари против тимот од Германија. На пресконференцијата по мечот тренерот и капитенот не ги криеа емоциите:
Можам само да кажам – конечноо.. ние сме на Ф4. Горд сум на тимот на играчите, сите што се дел од клубот. Играчите дадоа се од себе цела сезона. Сакам да се заблагодарам и на сите играчи што беа во Вардар претходно, Тоскиќ, Прибак, Чипурин, Брумен… сите што беа овде сите имаат свој придонес. Натпреварот беше тежок, Фленсбург е многу добар противник. Треба се да направиш одлично. Вардар тоа го постигна, добро одигравме во контранапад, во одбрана се функционираше беспрекорно. Сега одиме во кафаната на Столе- изјави Раул.
Бевме подобар противник во двата меча, ние бевме зрел тим и конечно се пласиравме на Ф4. Работевме напорно цела сезона и тоа конечно се ни се исплати. Ќе издвојам еден играч кој ретко добива пофалби и обично е во сенка на другиуте. Илија Абутовиќ заслужува пофалби, тој е нашиот најдобар играч сезонава, малку е во сенка, ретко добива пофалби, но ги заслужува. Тој е одличен играч и одличен човек- изјави Стоилов.